Дрвја за човековите права

Во Нирнберг од 2007 година во градските населби се засадуваат гинко дрвја коишто се посветени на еден од триесетте членови на Универзалната декларација за човековите права. Покрај секое дрво стои гранитна плоча од која може да се прочита човековото право на германски и на уште еден дополнителен јазик. Дрвјата се засадуваат од страна на иницијативи, организации и поединци. Проектот го координираат Управата за култура и рекреација и Сервисната служба за јавeн простор на градот Нирнберг. За да се зајакне свеста за човековите права, секоја година се одржуваат денови на акција кај дрвјата за човековите права.

Досега идејата за човековите права во градските населби ја пренесуваат 82 дрвја за човековите права. На тој начин, преку проектот дрвја за човековите права во целиот град Нирнберг се вкоренија триесетте членови на Универзалната декларација за човековите права. Дрвото гинкo е едно од најстарите растенија на Земјата и е познато по својата робустност. Една година по атомската бомба во Хирошима повторно израсна млада фиданка од дрвото гинко. Дрвото е симбол на надежта, пријателството и непобедливоста и ги означува силата и отпорноста коишто се неопходни за да се реализираат човековите права.

На 11 мај 2018 година во Скопје, збратимениот град на Нирнберг, беше посадено дрво за човековите права. Дрвото го посадија претседателката на фракцијата на социјалдемократската партија на Германија во градскиот совет на Нирнберг, госпоѓа Ања Прелс-Камерер и градоначалникот на Град Скопје, господин Петре Шилегов, во присуство на господин Михаел Рот, државен министер за Европа во министерството за надворешни работи на Германија. Посветено е на член 10 од Универзалната декларација за човековите права:
Секој има право на праведно судење.

URL dieser Seite
<http://www.nuernberg.de/internet/baeume_fuer_die_menschenrechte/nordmazedonien.html>